Еднаш годишно направете очен преглед, алармира сојузот на слепите

По повод 10 октомври – Меѓународниот ден на видот, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) апелира до сите граѓани барем еднаш годишно да направат комплетен офталмолошки преглед.
– Едноставно е, заштитете го вашето здравје. Прегледот ќе ве чини 20 минути од вашиот ден, од вашата година, но ќе ви заштеди многу средства и ќе го сочува здравјето на вашите очи. Разбудете ја свеста бидејќи болестите на очите не се некаде далеку, тие се тука, насекаде присутни околу нас, се вели во соопштението од НССРМ.

Ова, како што се наведува, е најзначаен датум во важност за подигнување на свеста за здравјето на очите.

Според статистиката на Националниот сојуз на слепите, со стареењето на популацијата, миопијата и дијабетичната ретинопатија ќе го зголемат процентот на население со оштетен вид во декадата која ни доаѓа.

Прочитајте и...  Погребот на Џорџ Флојд закажан за 9 јуни во Хјустон

– Глаукомот не знае за возрасна граница. Погледете наоколу, погрижете се за вашите очи. Повеќе од билион луѓе во светот не можат да видат убаво бидејќи немаат пристап до очила. Уште денес закажете го вашите комплетен офталмолошки преглед кај врвните професионалци, се вели во соопштението.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, доброволна организација од посебен јавен интерес. Националниот сојуз на слепите претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2.550 слепи и слабовидни лица кои имаат оштетување на видот поголемо од 91 процент. мд/скс/

Прочитај повеќе

Трамп и Болсонаро разговараа за истражувањата за хидроксихлорокин

Слободен печат

Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот

Слободен печат

Индија против наездата на скакулци се бори со дронови и противпожарни возила

Слободен печат

Австрија ќе ги отстрани нацистичките симболи од куќата на Хитлер, еве како ќе ја пренамени

Слободен печат

Се гласа масовно преку пошта во осум сојузни држави и во округот Колумбија

Слободен печат

ОН: Талибанците во Авганистан и натаму се во близок контакт со Ал Каеда

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Агенција за разузнавање: Директорот Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија

Слободен печат

Путин потврди дека на напад со конвенционално оружје Русија може да одговори со нуклеарно

Слободен печат

Во Италија опаѓа бројот на смртните случаи од Ковид-19

Слободен печат

Тестовите на градоначланикот на Бутел се негативни на ковид-19

Слободен печат

Османи: Секој треба да си го штити својот праг за да не влезе вирусот во неговиот дом

Слободен печат

Истражување на Тајмс: Тајната на „балканскиот успех против коронавирусот“ и влијанието на бесеже вакцината

Слободен печат