Единствените џиновски панди во Британија се вратија во Кина

Пандата Јанг Гуанг од Единбург се враќа во Кина / Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Единствените џиновски панди во Велика Британија се вратија во Кина, откако поминаа 12 години во зоолошката градина во Единбург. Властите во зоолошката градина се надевале дека женката Тиан Тиан и мажјакот Јанг Гуанг ќе се размножат, но тоа не се случило.

„Тажно е што пандите не се размножија овде, секако сакавме тоа да се случи, но не е невообичаено за џиновските панди. Тажни сме што си заминуваат, тоа се две прекрасни поединци кои многу добро ги запознавме“, рече Сајмон Грилинг, шеф на ветеринарните служби во Кралското зоолошко друштво на Шкотска (РЗСС).

По пристигнувањето во Кина, пандите ќе поминат извесно време во карантин пред да се вратат во резерват во близина на Ченгду, главниот град на југозападната кинеска провинција Сечуан. Таму, во планините Чионглаи и Џиаџин, на површина од 9.245 км2, живеат и се размножуваат повеќе од 30 проценти од светската популација на високо загрозени џиновски панди.

Џиновски панди од Единбург се селат назад во Кина / Фото: Jane Barlow / PA Images / Profimedia

Тиан Тиан и Јанг Гуанг пристигнаа во зоолошката градина во Единбург во декември 2011 година како дел од 10-годишниот договор помеѓу РЗСС и кинеската асоцијација за дивиот свет, кој подоцна беше продолжен за две години. Но, набрзо станало јасно дека двете панди не се желни за парење.

Експерти од Единбург и ветеринари од Кина осум пати безуспешно се обиделе вештачки да ги оплодуваат. Сите обиди беа прекинати во 2021 година, откако Јанг Гуанг беше кастриран поради рак на тестисите.

Џиновските панди е познато дека е тешко да се размножуваат во заробеништво бидејќи мечките губат интерес за природно парење – или едноставно не знаат како.

Женката има еден еструсен циклус, во пролет, во кој е плодна само 24 до 36 часа, според организацијата за заштита на природата Пандас Интернешонал.

Обидите во Кина да се одгледуваат панди во заробеништво започнале во 1955 година. Првата џиновска панда одгледана во заробеништво, Минг Минг, била родена во зоолошка градина во Пекинг во 1963 година. Пандите живеат во дивината во југозападна Кина, долж Тибетската висорамнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот