Единаесет мртви во несреќа во рудник за платина во Јужна Африка

Рудник / Фото EPA-EFE/Brais Lorenzo

Единаесет лица загинаа во рудник за платина во Јужна Африка кога лифт кој превезувал работници се урна на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.

-Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници, изјави неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени, пренесе Бета.

Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.

-Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот