Еден покрај друг во најтешките моменти: Дино Мерлин на концертот во Белград пристигна во друштво на жената која му е најголема поддршка

Фото: Фејсбук/Дино Мерлин/Жељко Видиновиќ

Легендарниот музичар Дино Мерлин синоќа во белградската „Штарк Арена“ го одржа вториот концерт, кој како и секогаш бил спектакуларен.

Очекувано, Мерлин го поддржале бројни колеги, а најголема поддршка кога доаѓа во Белград веќе години наназад му е Дада, снаата на Марко Булат и сопруга на починатиот новинар Игор Булат. Дада е позната менаџерка, благодарение на која Мерлин во 2015 година, по повеќе од две децении, првпат настапил во Србија.

Дада очигледно се погрижила и за овие два белградски концерти, бидејќи токму во нејзино друштво Мерлин пристигнал во Арената. Но, Дино и Дада не ги поврзува само деловната соработка, туку и големото пријателство, за кое се дознало дури на погребот на сопругот на Дада, новинарот Игор Булат. Кога се одржал погребот на Игор, сите биле изненадени кога таму го забележале познатиот музичар, кој не ги криел тагата и солзите за починатиот новинар на РТС. Дури подоцна се дознало дека Дино, всушност, е долгогодишен пријател на семејството Булат.

Иако нивното дружење започнало преку работа, тоа прераснало во вистинско пријателство во моментот кога биле еден покрај друг во најтешките животни моменти. Кога во Србија не се пишувале баш убави работи за Мерлин, Дада била таа која се осмелила да ги организира неговите концерти во Белград и се потрудила до луѓето да стигне вистината за тоа што легендарниот пејач навистина зборувал за Србија и Србите, на што Дино ѝ бил многу благодарен.

А љубовта и почитта помеѓу Мерлин и семејството Булат се гледале кога Игор се разболел. Како што се пишувало тогаш, штом Мерлин дознал за болеста на сопругот на Дада, се погрижил тој да отпатува на лекување во Турција, а неговото лекување токму тој го финансирал.

За жал, за Игор немало спас, а бил погребан со песната на Мерлин„Птица бијела“.

Избришана петицијата за влез на Дино Мерлин во Србија, објавено и официјално соопштение

ВИДЕО | Публиката во транс: Здравко Чолиќ и Дино Мерлин направија спектакл во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот