ЕЦБ до јуни ќе може да ја процени ситуацијата за промена на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги добие клучните податоци до јуни за одлука за првото од можните серии на намалување на каматните стапки во еврозоната, изјави главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн во интервју за италијански весник, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.

Од јули 2022 година до октомври 2023 година, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за 4,5 процентни поени за да ја спречи инфлацијата со ограничување на трошењето. Во октомври и декември минатата година тие ги задржаа каматните стапки на сегашното ниво, оценувајќи дека инфлацијата на подолг временски период се намалува кон целта од два отсто.

Минатата недела, претседателот на ЕЦБ, Луис де Гуиндос, рече дека еврозоната можеби влегла во рецесија во последниот квартал од 2023 година и дека изгледите за раст остануваат слаби.

Во интервју за италијанскиот дневен весник Ил Кориере дела Сера, објавено во саботата, Лејн, главниот економист на ЕЦБ, отворено ја спомна можноста за повеќекратно намалување на каматните стапки. Тој, сепак, нагласи дека клучните податоци за платите ќе бидат целосно достапни дури пред состанокот на ЕЦБ закажан за 6 јуни.

– Овие важни податоци ќе ги добиеме до нашата седница во јуни, изјави ирскиот економист за италијанскиот дневен весник. – Но, би нагласил дека ќе следиме и други податоци од недела во недела, додаде Лејн. Минатиот септември, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки делумно за да ја „заштити“ еврозоната од враќање на инфлацијата, истакна Лејн, и ќе го земе тоа предвид кога ќе дојде време за олеснување на монетарната политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот