Ѕвездата на серијата „Ургентен центар“ пронајдена мртва, се удавила во река

Фото: Имдб/Инстаграм

Мери Мара, актерката најпозната по улогите во телевизиските серии „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „NYPD Blue“, почина на 62-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Mara (@marymara7901)


„Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознала. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Mad Forest на Бродвеј во 1992 година. Таа беше духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостасува“, рекол нејзиниот менаџер Крег Дорфман, пренесува Си-eн-eн.

Според соопштението на њујоршката полиција, во неделата, нешто по 8 часот по локално време во градот Кејп Винсент, каде живеела актерката, добиле повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле нејзиното безживотно тело во реката Сен Лоран.

„Телото на Мери беше пронајдено утрото во нејзината сакана река. Таа се удавила додека пливала – рекол портпаролот на медиумите за „Fox News Digital“. Обдукцијата допрва треба да се изврши за да се утврди официјалната причина за смртта. Актерката беше во брак, а зад себе остави поќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Mara (@marymara7901)


Мери Мара дебитирала на телевизија во 1989 година, но најголема популарност стекнала неколку години подоцна. Деведесеттите ѝ донеле улоги во популарните серии „Ургентен центар“ и „Неш Бриџис“, како и гостувањаата во сериите „Ред и закон“ и „Западно крило“.

Таа, исто така, ја освоила наградата на Меѓународниот филмски фестивал во Монако во 2003 година за најдобра споредна женска улога за нејзината работа во „Ем и јас“.

Мара студирала глума на Државниот универзитет во Сан Франциско и на Драмската школа Јејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот