Џон Ли е нов лидер на Хонг Конг

Џон Ли и Си Џипинг/ Фото EPA-EFE/FELIX WONG

Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, на местото на Кери Лам, откако вчера положи заклетва на функцијата, за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг, по повод прославите на 25-годишнината од враќањето на територијата од Велика Британија во Кина, јави ДПА.

Ли е поранешен шеф на безбедноста на градот и се смета за протврдокорен приврзаник на политиката на Пекинг, па затоа во својот инаугуративен говор вети дека ќе ја продолжи интеграцијата на Хонг Конг со копното.

Свеченостите претходно вчера почнаа со церемонија на кревање на знамето, додаде ДПА.

Знамето на Хонг Конг беше кренато, заедно со кинеското знаме, на церемонијата во пристаништето Викторија.

Втора година по ред, полицијата во Хонг Конг маршираше во кинески стил, наместо да ги повторува британските вежби како претходно.

Според Ли, новите власти ќе ја зајакнат конкурентноста на Хонг Конг и ќе ја развијат неговата економија, а акцентот ќе биде ставен врз развојот на покраината во насока на создавање меѓународен центар за иновации и технологија, а за да го постигне ова потребно е да се комбинира силата на Хонг Конг и на континентална Кина.

И покрај тоа што Си не присуствуваше на традиционалната церемонија на кревање на знамето по повод оваа церемонија, тој вчера присуствуваше на церемонијата на положување заклетва, веднаш по неговото пристигнување во Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот