Џенифер Лопез се расплака на „MTV Movie&TV“ наградите: Од разочарувањата научив да бидам силна

џенифер лопез
Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/Принтскрин Инстаграм

Џенифер Лопез имаше „поинаков“ вид на листа за заблагодарност додека ја прими наградата „The Generation Award“ за време на „MTV Movie&TV“ наградите кои во неделата се одржаа во Лос Анџелес, САД.

Излегувајќи на сцената за да го прими својот златен трофеј со пуканки, 52-годишната актерка и пејачка рече:

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми го дадоа овој живот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа радост и оние што ми го скршија срцето… Оние кои беа вистински, и оние кои ме лажеа“, продолжи Лопез. „Сакам да се заблагодарам за вистинската љубов и сакам да се заблагодарам што се лажев себеси, бидејќи така сфатив дека морам да пораснам“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Ѕвездата продолжи да се заблагодарува за „разочарувањата и неуспесите“ од што научила да биде силна и им се заблагодари на нејзините деца, 14-годишните близнаци Макс и Еме за тоа што ја научиле да сака. Лопез се расплака на сцената по што следеа громогласни овации.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми рекоа да се соочам со себе- или, кога не бев присутна во собата – дека не можам да направам нешто“, додаде Лопез низ солзи. „Навистина мислам дека не би можела да го направам ова без вас“, продолжи таа… „Вие сте причината што сум овде, ве сакам!“, порача Џенифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MTV (@mtv)

Наградата „Generation“ која Лопез ја доби откако претходно ја освои наградата за најдобра песна ги слави саканите актери со чија разноликост придонесуваат и за филмот и за телевизијата.

Лопез зад себе има повеќедецениска филмска кариера. Некои од нејзините најнезаборавни улоги се во филмовите „Selena“ од 1997 година, „Hustlers“ од 2019 година, како и во неколку романтични комедии низ годините, вклучувајќи ги „The Wedding Planner“, „Maid in Manhattan“ и „Marry Me“.

Минати приматели на наградата се Скарлет Јохансон, Двејн Џонсон, Крис Прат, Вил Смит, Рис Витерспун, Роберт Дауни Џуниор, Марк Волберг, Сандра Булок, Џејми Фокс, Џони Деп, Бен Стилер, Адам Сендлер, Мајк Мајерс, Том Круз, Џим Кери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот