Џеко не сака да игра пријателски натпревар против Русија

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

По Миралем Пјаниќ, незадоволство од одлуката на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина да закаже пријателски натпревар со Русија, јавно изрази и Един Џеко.

Џеко не сака тој и неговите соиграчи да играат со репрезентација чиј политички врв одлучи да изврши воена инвазија врз Украина.

– Јас сум против да се игра овој натпревар. Орсекогаш сум само за мир и Федерацијата го знае моето мислење. За жал, јас не ги носам одлуките за тоа со кого ќе игра БиХ, но имам свој став кој е јасен и кој не сакам да страдаат невини луѓе. Се солидаризирам со народот на Украина во овие тешки моменти – изјави Џеко.

Одлуката на Фудбалската федерација на БиХ во ноември да одигра пријателски натпревар против Русија во Москва наиде на големи критики во јавноста во земјата, а прв се огласи Миралем Пјаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот