Двојаковски нов кошаркар на Академија ФМП

фото: Академија ФМП

Екипата на Академија ФМП во продолжение од сезоната ќе биде посилна за Оливер Двојаковски.

Младиот 23-годишен кошаркар доаѓа од екипата на Куманово, каде што настапуваше минатата сезона и ја започна оваа сезона. Претходно има играно и во Шпанија и за тимот на АВ Охрид.

– Тековната сезона ја започнав во екипата на КК Куманово, но таа соработка заврши, при што се појави нова можност за мене во екипата на КК Академија ФМП. Благодарен сум на управата и тренерот кои ми ја даваат оваа шанса да напредувам и да се борам за своето место во тимот. Доаѓам во екипа која е амбициозна и дава шанса на младите играчи и во секој натпревар го дава својот максимум, воедно и работата на тренерот ми е позната од минатата година во екипата на Куманово – изјави новиот играч на Академија ФМП, Оливер Двојаковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот