По ерупцијата на вулканот во Пери, две лица се удавија во плимни бранови

Во Перу плимни бранови по ерупција во Тонга/Фото: EPA-EFE/Paolo Aguilar

 Две лица на северниот брег на Перу се удавија денеска поради многу високи бранови предизвикани од вчерашната ерупција на подводниот вулкан во Тонга, во Јужен Пацифик.

Повеќе од 20 перуански пристаништа се привремено затворени поради предупредувања за можни многу високи бранови.

Подводен вулкан во водите на Тонганските острови еруптираше вчера, по што беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави на Јужниот Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнаа и до Јапонија.

Беше издадено предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската држава Хаваи беше погодена од „мали поплави”.

Од вулканот висок 20 километри во петокот почнаа да еруптираат пареа, гас и пепел. Погодената област е со дијаметар од 260 километри.

Плимниот бран од Тонга стаса и до Хрватска. Метеоролошките станици во Истра вчера забележаа ударен бран од вулканската ерупција во Тонга, соопшти Истрамет. Ударниот бран поминал 17.000 километри и патувал 15 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот