Две деца пронајдени мртви во својот дом во Англија

Англиска полиција/ Фото: ЕПА

Полицијата во британскиот Стафордшир ги именувала двете деца кои починале вчера, откако биле пронајдени повредени во куќа во Стоук-он-Трент. Станува збор за 11-годишниот Итан Џон и неговата седумгодишна сестра Елизабет. Двајцата биле пронајдени со тешки повреди во куќа на улицата Лен, каде подоцна починале. Нивните училишта им оддале почит.

„Итан беше прекрасен член на нашата училишна заедница. Имаше беспрекорни манири и заразна насмевка. Ќе им недостасува многу на вработените и учениците и засекогаш ќе биде дел од нашите срца“, велат од училиштето на Итан.

Оддавајќи ѝ почит на Елизабет, нејзиното училиште соопшти: „Елизабет беше љубезна и грижлива како член на нашето училишно семејство. Таа беше пријателка на сите и сончев зрак кој секогаш имаше насмевка на нејзиното лице“.

49-годишна жена од Стоук-он-Трент е уапсена под сомнение за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот