Дванаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Фото: Илустрација

Исклучени од сообраќај се и десет возила поради тоа што не биле регистрирани.

Вкупно 21 сообраќајна несреќа се случила во текот на викендот на територијата на Град Скопје. Во девет од нив 12 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Според СВР Скопје, во истиот период со пајак се подигнати 96 возила поради непрописно паркирање, а девет возачи се исклучени од сообраќај. Од нив осум се исклучени поради тоа што управувале со возило иако сé уште немале право на тоа. Исклучени од сообраќај се и десет возила поради тоа што не биле регистрирани.

Санкционирани се шест возачи кои поминале на раскрсница на црвено светло,  и двајца кои не дале предност на минување на пешаци на пешачки премин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот