Маж и жена каснати од кучиња-скитници

Во текот на изминатиот ден, во два наврати во полициската станица во Центар е пријавено каснување од кучиња скитници. Утрината во 10 часот пријава поднел С.В.(67) во која навел дека бил каснат од куче-скитник во левата надколеница на улицата „Лазар Личеновски“.

Подоцна, во 13:50 часот каснување од куче-скитник пријавила и М.К. (60) исто така од Скопје. Имено таа била нападната претходната вечер на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот