Двајца младинци прекомандувани во првиот тим на Вардар

фото: РК Вардар

Дел од младинците ќе се преселат во првиот тим на Вардар, станува збор за Ален Ќосевски (роден 2001) и Дејан Кукуловски (1996). Овие ракометари веќе тренираат со екипата и ќе бидат и на подготовките што следуваат.

Ќосевски игра на позиција на десно крило, а Кукуловски настапува на бековска позиција. Кукуловски е веќе на подготовките, а Ќосевски ќе се приклучи откако ќе заврши кадетското СП што во август ќе се одржи во Скопје. На тој Мундијал ќе настапи и голманот Марко Кизиќ кој исто така продолжува со првиот тим на Вардар.

За подготвителниот период со првиот тим ќе тренира и голманот Васко Гогов (2000). Тој ќе биде дел од тимот на Вардар јуниор сезонава а сега ќе ги одработи подготовките со првиот тим со оглед на тоа што недостасуваат голмани.

Летонецот Артус Кугис во моментов е единствен голман на македонскиот и европски шампион. Калифа Гедбан поради семејни причини ќе пристигне на почетокот на август.

Со взаемен договор раскинат е договорот со Марко Мишевски кој досега настапуваше за првиот тим. Тој во иднина е слободен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот