Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на Ковид 19

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.

Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на Ковид 19

Гостивар, 10 април 2020 (МИА) – По речиси 20 денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови. Еден лекари од кои едниот интернист иамле позитивни тестови на на Ковид-19. Потврда за новите случаи МИА доби од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.

Не можеа да објаснат како лекарите дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад” на влезот се спроведува епидемиолошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.

Засега е неизвесно дали ќе се спроведуваат дополнителни мерки во интерното оддление, каде што лежат дваесетина пациенти со претежно кардиолошки дијагнози и интензивна нега. Одлуката за  дополнителни испитувања на двајцата медицинари и како ќе функционира интернистичкото одделение, треба да ја донесат медицинските власти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот