Двајца разбојници ограбиле и нападнале вработен во спортска обложувалница во Куманово

Две лица ограбиле и нападнале вработен во спортска обложувалница во централното градско подрачје во Куманово, соопштија денеска од СВР Куманово. Двајцата со остар предмет го нападнале вработениот и одзеле пари.

– Вчера во 21:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 21:10 часот во спортска обложувалница на улица „Народна Револуција” во Куманово две лица со остар предмет го нападнале вработениот В.Р.(36) од Куманово и одзеле пари. Тој се здобил со повреди и бил пренесен во општа болница Куманово за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.

ВИДЕО | Обид за грабеж во обложувалница, храбра вработена се спротивставила на напаѓачот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот