Двајца разбојници ограбиле обложувалница во Стајковци

На подрачјето на Гази Баба синоќа во 23 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ј.(32) и М.М.(34), двајцата од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тие околу 20 часот во спортска обложувалница во село Стајковци со закана од вработениот одзеле пари. Од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба бил извршен службен разговор со пријавените, при што тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР-Одделение за криминалистички работи Гази Баба ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот