Двајца македонски репрезентативци во идеалниот тим од нашата група во Лигата на нации

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската А репрезентација не успеа преку Лигата на нации да обезбеди плеј-оф за пласман на Европското првенство 2024 откако го освои третото место во групата „4“ од Ц сегментот во Лигата на нации.

По завршената групна фаза, двајца наши репрезентативци се најдоа во идеалниот тим на нашата група, тие се Енис Барди и Дарко Чурлинов.

Играчот на Трабзонспор Барди доби оценка 7,2, додека фудбалерот на Барнли кој моментно се опоравува од повредата, Чурлинов доби оценка 7,1.

Очекува најмногу играчи во идеалниот тим има од Грузија: Г. Мамардашвили (7,2), С. Лобжанидзе (7,1), Г. Гашија (7,1), С. Квирквелиа (7,2), Г. Цитаишливи, Б. Зивзивадзе (7,3), а највисока оценка доби соиграчот на Елиф Елмас во Наполи, К. Кварацхелија (8,2).

Во изборот на фудбалскиот портал за статистика „WhoScored“ се најдоа и двајца репрентативци на Бугарија, А. Недјалков (6,9) и К. Десподов (7,0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот