„Два од два“ за Несторовски и Удинезе во Серија А! (ВИДЕО)

twitter.com/Udinese_1896

Нашиот репрезентативен напаѓач ниту на овој дуел не запиша погодок, останува на само единствениот сезонава против Сампдорија.

Во рамките од 18. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство составот на Удинезе дојде до нови три бода овојпат на гостувањето кај Лече (0:1).

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше стартер на стадионот „Виа дел Маре“, но повторно не се запиша во листата на стрелците.

Нашиот напаѓач беше заменет во 65. минута од Лазања, а единствениот погодок беше дело на Де Пол во 88. минута од средбата. После втората победа по ред (шеста вкупно во Серија А) во генералниот пласман Удинезе е на 13. позиција со 21 бод.

Во наредното коло фудбалерите на тренерот Готи на 12. јануари ќе го пречекаат Сасуоло кој загуби од Џенова во чиј меч херој беше Горан Пандев.

На претходните денешни дуели Милан со Ибрахимовиќ само ремизираше против Сампдорија, а Роналдо имаше свое гол шоу со тимот на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот