Фото: Unplash

Дубаи ѝ помага на иранската економија со милијарди евра

Владата на Дубаи започна пакет економска помош во вредност од неколку милијарди евра за ублажување на последиците од повеќемесечниот конфликт со Иран и за враќање на довербата кај инвеститорите и туристите.

Врвните претставници на емиратот одржаа вонреден состанок во март со стотици претставници на деловната заедница за да дефинираат мерки за зачувување на економската активност и спречување на одлив на капитал, објави Ројтерс.

Пакетот за поддршка е насочен првенствено кон туристичкиот и малопродажниот сектор, кои претрпеа најголема штета за време на конфликтот, додека Централната банка на Обединетите Арапски Емирати претходно обезбеди дополнителна ликвидност за банкарскиот сектор.

Иако прелиминарниот мировен договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран придонесе за смирување на ситуацијата, аналитичарите предупредуваат дека целосното закрепнување на деловната доверба ќе бара време и можни нови стимулативни мерки. Податоците покажуваат дека за време на конфликтот имало одлив на странски капитал од финансискиот пазар на Дубаи, додека туризмот, угостителството и трговијата биле меѓу најпогодените сектори на економијата.

Вистински луксуз: Дубаи ќе гради цела улица од чисто злато

И покрај ова, властите во Дубаи нагласуваат дека градот останува посветен на долгорочни развојни проекти и дека неговата економија покажува отпорност на регионалните геополитички предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот