Државната награда „11 Октомври“ постхумно за проф. д-р Методи Чепреганов

Фото: МИА

Одборот за државната награда „11 Октомври“ донесе одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ за 2022 година денеска ги објави добитниците на ова највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Наградата за животно дело во областа на науката, му се доделува постхумно на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар, додека за животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на поетесата Линдита Ахмети, на писателот Томислав Османли и на Мицко Јанкуловски, ликовен уметник.

Доделувањето на наградите е закажано на 11. октомври во Собранието на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот