Драстичен пад на продажбата на компјутери ширум светот

Глобалните испораки на компјутери паднаа за 29 отсто во првиот квартал од 2023 година поради слабата побарувачка, вишокот залихи и влошената макроекономска клима, при што Епл го претрпе најголемиот удар, објави компанијата за истражување на пазарот ИДЦ.

Во неодамна објавениот извештај, Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ) изјави дека глобалните испораки на персонални компјутери достигнале вкупно 56,9 милиони во првиот квартал од оваа година, што е помалку од 80,2 милиони во истиот период минатата година.

Од петте најголеми компјутерски компании анализирани во извештајот, испораките на Епл во првиот квартал забележаа најголем пад од 40,5 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, додека Делл беше на второ место со пад од 31 отсто. Со овој проблем се соочуваат и „Леново“, „Aсустек“, ХП, соопштија од ИДЦ. Во февруари, Епл веќе објави дека продажбата на своите компјутери Maк, кои пораснаа за време на бранот работа од дома за време на пандемијата, паднаа за 29 отсто на годишно ниво на 7,7 милијарди долари во последниот квартал. – Прелиминарните резултати, исто така, сигнализираа ера на побарувачка поттикната од пандемијата и барем привремено враќање на моделите пред здравствената криза.

Обемот на испораките во првиот квартал од 2023 година беше значително помал од 59,2 милиони единици испорачани во првиот квартал од 2019 година и 60,6 милиони во првиот квартал од 2018 година, според ИДЦ. Паузата на растот и побарувачката, исто така, му дава простор на синџирот на снабдување да направи промени бидејќи многу фабрики почнуваат да ги истражуваат производните опции надвор од Кина.

Извештајот беше објавен само неколку дена откако беше објавено дека и компанијата „Самсунг“ остварила најниска добивка во последните 14 години, поради што технолошкиот гигант бил принуден да го намали производството на чипови. На ова влијаеше намалувањето на побарувачката на глобалниот пазар на полупроводници, објави Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот