Драматичен пад на бројот на жители во Литванија, пописот ги изненади граѓаните

Знаме на Р. Литванија / Фото: Архива

Населението на Литванија е намалено за околу 230.000 од 2011 година, бидејќи бројот на починати постојано го надминува бројот на новороденчиња, а огромен број жители емигрираат во потрага по подобри услови за живот.

Според прелиминарните резултати од пописот во 2021 година, во Литванија живеат околу 2,81 милиони луѓе, објави во вторникот заводот за статистика во Вилнус.

Во последните две децении е забележан драматичен пад: во 2011 година, повеќе од три милиони луѓе живееле во најголемата од трите балтички држави, а во 2001 година имало 3,5 милиони.

Годинава пописот забележа повеќе жени отколку мажи – 1,5 до 1,3 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот