Драгана Спасевска: Учебници и настава мора да има, бојкотот на наставата се одвива и ќе продолжи

Драгана Спасевска е мајка на три деца, дипломиран воспитувач. Родена е во Тетово. До 2001 година живеела во Теарце, но по конфликтот се преселила во Битола каде што го продолжила животот со семејството.

Во Битола дипломирала и оформила семејство и, како што вели,  му благодари на бога за сè што има во животот: сопруг и три деца кои ѝ се најголем двигател за сè што прави во животот.

А што прави Драгана во периодов? Имено, сосема случајно, на ФБ, ја отвора групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА! (линк: https://www.facebook.com/groups/479418786591247), бидејќи, како мајка на три деца, се соочува со безброј предизвици околу онлајн наставата, а сега и со најавата за дигитализирани учебници. Еве што Драгана вели по тој повод:

– Целосната дигитализација може да ни донесе само дополнителни проблеми и потешкотии во учењето. Веќе две години пред наши очи гледаме како децата носат голем товар со онлајн наставата, па уште ова дополнително им треба. Мојата најстара ќерка имаше проблеми со видот, имаше страбизам кој го решивме со оперативен зафат во Белград. Сè се одвиваше супер, но оваа година повторно се жали на проблеми со видот – последица од големото време поминато пред екраните. Многу други деца се соочуваат со психо – физички проблеми, анксиозност, гојазност, проблеми со “рбетот, физичка неактивност и слично. Сето ова го попречува нивниот раст и развој.

Драгана вели дека ФБ групата ја оформила со цел да го истражи и чуе мислењето на повеќе родители околку предлог законот за образование, и воопшто не очекувала дека истата за помалку од две недели ќе собере повеќе од 73 000 членови, односно, не очекувала толкава загриженост околку проблемот која се шири уште повеќе, и додава:

– Ставовите на родителите се јасни. Сакаат да се прекине овој предлог закон. Потребни се реформи по МЕРКА НА УЧЕНИКОТ и неговите потреби. Секој загрижен родител го има овој став. Имаме големи проблеми во образованието кои не се решени, а ги прескокнуваме, па одиме на дигитализација. Не смееме да замижеме пред постоечките проблеми. Да одиме чекор по чекор.

Драгана Спасевска вели дека бојкотот на наставата се одвива и ќе продолжи. Имаат голем број на поддржувачи, но вели има и такви кои се плашат, бидејќи добиваат закани  и притисоци.

– Наставниците се во таа позиција во која што се, нема замерки, им простуваме, а ние и понатаму одиме да ги исполниме нашите барања. Чекаме МОН да закаже средба и да одговори на нашите барања. Доколку таа не се оствари ќе одиме на мирен протест па и решавање на проблемот правно преку ѓраѓанска иницијатива. Одиме понатаму со јасна цел – стопирање на овој предлог закон. Сакаме и ние да делуваме и предлагаме во образовниот систем и заеднички да донесеме реформи кои ќе бидат ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ, завршува Драгана.

Во продолжение, еве дел од реакциите и притисоците со кои се соочуваат родителите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот