Дотраените бараки стари повеќе од 60 години ги заменуваме сo нови амбуланти, вели Филипче

Реконструкција на стари амбуланти/ Фото: Влада на РСМ

Дел од матичните лекари во примарната но и превентивната здравствена заштита, дејноста ја обавуваа во времени објекти поставени во пост-земјотресниот период. Старите и дотраени бараки, никогаш не беа реновирани, оштетувањата беа очигледни дотраени материјали и инсталации кои со тек на годините престанале да ги извршуваат примарните функции. Потребата од целосна реконструкција на овие амбуланти беше очигледна и во годините наназад, но ништо не беше направено.

Со проектот за енергетска ефикасност на територија на Град Скопје опфатени се деветте амбуланти во населбите Бутел, Влае, Ѓорче Петров 2, Тафталиџе, Козле, Лисиче, Аеродром, Автокоманда и амбуланта Карпош, но за првпат предвидува поставување на нов објект на територија на општина Кисела Вода.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска изврши увид на градежните активности на новата амбуланта во општината Бутел. Во изјава за медиумите тој истакна дека целокупниот концепт на изградба е направен со тоа што се земени сите аспекти во однос на инфраструктурата и енергетската ефикасност на моделот, внатрешниот распоред и поставеност на чекалните кои ќе спречат гужви и чекања, соодветна уреденост на партерниот дел на влезот со клупи за чекање и сето тоа во добро осмислен стратешки концепт за подобрување на услугата во примарната здравствена заштита.

-Правиме увид во поставувањето на амбулантите, проект на територијата на цел град Скопје, со што се врши замена на сите амбуланти согласно поставеноста на инфраструктурата кои беа навистина стари, повеќе од 50-60 години, руинирани во нив лекарите немаа соодветни услови за пружање здравствена услуга на пациетите во различни делови од градот – изјави министерот Филипче.

Министерот истакна дека овој проект е реализиран согласно стратегијата за реформа на примарното здравство што значи поголем број на услуги на примарно ниво со цел на пациентите да им се пружи услуга блиску до нивните домови, а со тоа и помало оптеретување на болниците. За првпат во овие објекти ќе има и лабораторија, а концептот е направен така кога ќе дојде пациент на едно место, да има што помала веројатност да биде упатен на друго место на лекување.

-Со ова заокружуваме еден сериозен концепт, една стратегија за зајакнување на примарното здравство – изјави Филипче.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот