Дончиќ во сенка на одличниот Лилард, Портланд во борба за плеј-оф! (ВИДЕО)

фото: твитер

Кошаркарите на Портланд го совладаа Далас со 134:131 со неверојатна партија на Демиен Лилард и ја продолжија борбата за пласман помеѓу најдобрите осум екипи во Западната конференција.

Двата тима одиграа еден навистина интересен натпревар, а херој во победата на Трејл блејзерси беше фантастичниот Лилард кој дуелот го заврши со рекорд на кариерата, 61 поен, додаде пет скокови и осум асистенции за 41 минута на паркетот.

Одличен беше и ветеранот Кармело Ентони кој запиша 26 поени (осум скокови), ова беше важен триумф за Портланд кој ја презеде осмата позиција од Орландо на Западот и остана во трка за пласман во плеј-офот.

Од друга страна, Лука Дончиќ беше многу блиску до нов трипл-дабл, постигна 25 поени, имаше 10 скокови и осум асистенции. Под кошевите доминираше сè подобриот Кристапс Порзингис со 36 поени.

НБА, резултати –

Орландо меџик-Бруклин нетс 96:108
Сан Антонио спарс-Хјустон рокетс 123:105
Филаделфија сиксерс-Феникс санс 117:130
Мемфис гризлис-Бостон селтикс 107:122
Далас маверикс-Портланд трејл блејзерс 131:134
Сакраменто кингс-Њу Орлеанс пеликанс 112:106
Вашингтон визардс-Милвоки бакс 113:126

Табела Источна конференција:

1. Милвоки бакс 56-16
2. Торонто репторс 51-19
3. Бостон селтикс 48-23
4. Мајами хит 44-27
5. Индијана пејсерс 43-28
6. Филаделфија сиксерс 42-29
7. Бруклин нетс 35-36
8. Орландо меџик 32-40

9. Вашингтон визардс 24-47
10. Шарлот хорнетс 23-42
11. Чикаго булс 22-43
12. Њујорк никс 21-45
13. Детроит пистонс 20-46
14. Атланта хокс 20-47
15. Кливленд кавалирс 19-46

Табела Западна конференција:

1. Лос Анџелес лејкерс 52-18
2. Лос Анџелес клиперс 47-23
3. Денвер нагетс 46-25
4. Хјустон рокетс 44-26
5. Оклахома Сити тандер 43-27
6. Јута џез 43-28
7. Далас меверикс 43-31
8. Портланд трејл блејзерс 34-39

9. Мемфис гризлис 33-39
10. Феникс санс 33-39
11. Сан Антонио спарс 31-38
12. Сакраменто кингс 30-41
13. Њу Орлеанс пеликанс 30-41
14. Минесота тимбервулвс 19-45
15. Голден стејт вориорс 15-50

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот