Дончиќ во првата петорка на Олстар натпреварот

фото:твитер

Одличниот Словенец во својата втора сезона ќе игра на натпреварот на сите ѕвезди.

Чикаго ќе биде домаќин на Олстар натпреварот кој е предвидено да се игра на 16 февруари, а капитени на Западот и Истокот ќе бидат истите од минатата година, Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.


Покрај Џејмс за кого ова ќе биде 16. учество на натпреварот на сите ѕвезди, највеќе гласови во Западната конференција добија и фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, Џејмс Харден, Каваи Ленард и Ентони Дејвис.


На Истокот покрај Антетокумпо, фановите највеќе гласови им дадоа на Кемба Вокер, Тре Јанг, Паскал Сиакам и Џоел Ембид.


Идната недела НБА ќе ги објави и резервите од Источната и Западната конференција, по што двајцата капитени, Џејмс и Антетокумпо ќе ги селектираат своите екипи и во изборот нема да има влијание кој играч од која Конференција припаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот