Дончиќ се врати во свој стил, Далас подобар во тексашкото дерби (ВИДЕО)

фото: твитер

Лука Дончиќ повторно се врати во игра, откако ги пропушти последните четири натпревари за Далас, поради повреда на десниот глужд. Словенецот му помогна на тимот да го добие дербито на Тексас против Сан Антонио со 102:98 и со тоа да стигне до својата 20. победа досега во сезоната.

Дончиќ повторно беше близу до „трипл-дабл” против Спарси, реализираше 24 поени, 10 скокови и 8 асистенции за 33 минута игра, но тој немаше свој ден при шутот од тројка, завршувајќи со 1/6 од далечина.

Другите четворица од почетните пет на Маверикси исто така завршија со двоцифрен број на поени. Тим Хардавеј Џуниор постигна 17 поени, Кристап Порзингис и Доријан Фени-Смит постигнаа 13, додека Двајт Пауел заврши со 11 поени и седум скокови.

На спротивната страна Демар Дерозан со 21 поен, Руди Геј 18 и ЛаМаркус Олдриџ со 17 беа најефикасни во гостинската екипа.

НБА, резултати:

Детроит Пистонс-Вашингтон Визардс 132:102
Бруклин Нетс-Њујорк Никс 82:94
Далас Маверикс-Сан Антонио Спарс 102:98
Оклахома Сити Тандер-Мемфис Гризлис 97:110
Сакраменто Кингс-Минесота Тимбервулвс 104:105, 90:90 (2 прод.)
Јута Џез-Портланд Трејл Блејзерс 121:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот