Доналд Трамп не може да одлучи кој му е омилен диктатор – Слободен печат
ВестиПланета

Доналд Трамп не може да одлучи кој му е омилен диктатор

Слична сторија пренесе и американски „Волстрит журнал“, информирајќи дека на неодамнешниот Г7-самит во Биариц, Франција, Трамп кога го видел египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси го повикал и гласно и пред сите кажал „Каде е мојот омилен диктатор?“

Контроверзниот американски претседател Доналд Трамп честопати го привлекуваше вниманието на  светската јавност со неговите изјави и Твитер-објави, кои според многумина се невообичаени за еден светски лидер. Сега, светските медиуми пренесуваат дека тој на последниот Г7-самит, пред другите светски лидери константно зборувал дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е „одличен човек“ и неверојатен лидер, притоа посочувајќи дека тој ја преземал функцијата на само 25 години во тешки околности.

Овие забелешки не се многу различни од оние кои Трамп ги кажа во јавноста за првиот човек на Северна Кореја, што според светските медиуми укажува дека американскиот претседател е токму онаков како што се претставува и на Твитер, без многу влакна на јазикот.

Слична сторија пренесе и американски „Волстрит журнал“, информирајќи дека на неодамнешниот Г7-самит во Биариц, Франција, Трамп кога го видел египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси го повикал и гласно и пред сите кажал „Каде е мојот омилен диктатор?“. Според сведоците, Трамп се обидел да се шегува, но на многумина не им се допаднала шегата и настанал целосен молк во просторијата.

Доколку се точни овие приказни, американскиот претседател е голем фан на диктаторите, а според „Ролинг стоун“, тој неколку пати навестувал, иако шегувајќи се, дека нема да го почитува претседателскиот мандат и ќе се кандидира и по трет пат за претседател, иако е дозволено само двапати. Само се уште не е јасно дали Трамп повеќе го сака Ким Јонг-ун или неговиот египетски колега ал Сиси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close