Докторка донираше матични клетки за да спаси пациент кој боледува од акутна леукемија

Фото: Министерство за здравство

На Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, матична докторка донираше хематопоетски матични клетки на пациент кој боледува од тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, информира Министерството за здравство.

Министерот Фатмир Меџити денеска ја посетил донорката на матични клетки, млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодарил за храброста и несебичната посветеност да спаси туѓ живот.

-Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.

Фото: Министерство за здравство

Директорката на клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска Ставридис изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.

– Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од Акутна леукемија, додаде д-р Пановска Ставридис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот