Доктор Митко Манчев: Среќа што омикрон дава полесна клиничка слика, инаку ќе имавме 100 починати на ден

коронавирус-скопје-болница-ковид-19-миа11
Коронавирус/ Скопје/болница/ковид-19/ Фото: МИА
Матичните лекари се со полни раце работа. Ординациите се полни со граѓани заразени со коронавирусот, или потврдени или со симптоми, а без позитивен резултат. Се прегледуваат голем број пациенти од сите возрасни групи, од деца до највозрасните. Доктор Митко Манчев, матичен лекар со своја ординација во струмичко Ново Село вели дека среќната варијанта со омикрон е тоа што не дава толку тешка клиничка слика, па пациентите може да се лекуваат и во домашни услови.
-Да беше омикрон толку потентен и вирулентен како претходните соеви, делта на пример, тогаш смртноста во земјава ќе беше и до 100 луѓе на ден. Среќа е што сега симптомите се полесни. Главно станува збор за горнореспораторна симптоматологија, главоболка, течење на носот, температура, болка во грлото. Имаме пациенти од една година па нагоре. Кога има термини се тестираат, другите се тестираат приватно на своја рака. Повеќето тестови што ги прават од аптека се негативни. Брзите антигенски тестови може да кажам дека не се многу релевантни зашто не го детектираат омикрон. Во моментот валидни за да може врз нив да се базираме се ПЦР тестовите како златен стандард, вели доктор Манчев за Слободен печат.
Пациентите со омикрон најчесто примаат витаминска терапија, а кога има потреба и антибиотици.
-Меѓу заболените во мојата ординација ниеден претходно не прележал ковид. Има и вакцинирани и невакцинирани, а лекувањето од прилика трае седум дена, додава доктор Манчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот