Доктор Дејан Докиќ за Слободен печат: Кој прележал ковид-19, да почека со вакцинација, можно е да му треба само една доза!

Директорот на Клиниката за пулмологија, професор доктор Дејан Докиќ за Слободен печат тврди дека луѓето кои прележале ковид-19, имаат имунитет 10 месеци после болеста независно од тоа дали имаат ниско или високо ниво на антитела. Затоа, според него, треба да почекаат и да не се вакцинираат веднаш, бидејќи се заштитени.

– Во Израел се најнапред со вакцините. Првата доза на вакцината му ја дава информацијата на имуниот систем да ја преработи информацијата и да создаде антитела. Втората доза после три или четири недели е бустер, односно појачување за силен имун одговор бидејќи организамот е веќе запознаен и реагира со масовно производство на антитела. Оние луѓе кои прележале ковид-19, нивниот имунитет се задржал според некои студии и по 10 месеци независно од нивото на антитела. Тие се заштитени, нивниот имунолошки систем е запознаен и активен. Затоа повторените инфекции со ковид-19 се толку ретки. Така што се смета дека тие се повеќе од 99 проценти заштитени до 10 месеци. Независно од нивото на антитела тие имаат активни мемориски клетки. Кога организмот ќе дојде во контакт со вирусот, тогаш мемориските клетки го препознаваат и човекот не се разболува. Тој може да е инфициран, ама не ја добива болеста. Најновата информација што ја прочитав вчера од Израел е тоа дека ако прележаните добијат една вакцина, кај нив доаѓа до уште поголемо производство на антитела отколку кај втората доза вакцинирани, а непрележани. Израелците сметаат дека кај тие што прележале, ќе биде доволна и една доза од вакцината и ќе се заштеди и во пари и во вакцини. Ова не е став на СЗО се уште, но е најново, од вчера, ни рече професор доктор Докиќ.

Д-р Дејан Докиќ: „Ивермектинот“ има ефект во лекувањето на ковид-19, му дадов и на синот кога разви симптоми

Д-р Дејан Докиќ: Пациенти со прележан ковид се гушат само при станување да отидат до тоалет!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот