Мурал во Кичево

Доктор Александар Јовановски кандидат за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ?

Докторот Александар Јовановски најверојатно ќе ја добие довербата на Христијан Мицкоски да се обиде да стигне до првата фотеља во Кичево, објави ТВ 24 повикувајќи се на висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Во Кичево за градоначалник од „Вреди“ ќе се кандидира актуелниот министер за труд и социјална политика Фатмир Лимани, а од ДУИ уште размислуваат за кандидат.

Најмногу главоболки според информациите на ТВ 24 има Венко Филипче, зашто според неофицијални информации дел од СДСМ барал СДСМ да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Јовановски. Друг дел од СДСМ сакал СДСМ да оди на изборите со свој кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот