Докажано е! Звукот на брановите и мирисот на морето се лек за телото и душата - Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Докажано е! Звукот на брановите и мирисот на морето се лек за телото и душата

Површината на морето која на хоризонтот се стопува со небото во нас буди чувство на стабилност и сигурност“, објаснува Мерзеник.

Уште во 18 век шкотскиот доктор Вилијам Букан го поттикнувал бањањето во море бидејќи сметал дека тоа лековито делува на нашето тело. Затоа и не чуди што многу болници денес се сместени покрај море.

Во проектот наречен „BlueHealth“  тим научници одлучил да се занимава со тематиката за влијанието на морето на човечкиот организам. Откриле дека звуците на морето го стимулираат подрачјето на мозокот – фронталниот кортекс, кое е одговорно за нашите емоции и за лична рефлексија.

Шумот на морето шири самосвест и благотворно делува на чувствата.

Кога сме на плажа, нашето тело апсорбира повеќе кислород и го регулира нивото на серотонин во телото – познат како хормон на среќа, кој исто така ја контролира и анксиозноста, а тоа резултира со чувство на душевен мир сличен на оној што се доживува по јога и медитација.

Експертите велат дека звуците на морето го намалуваат нивото на хормоните на стрес, кортизолот, во телото. Дури шумот на брановите го споредуваат со звукот на отчукувањата на срцето кој децата го слушаат во стомакот на мајките, па кога стануваат возрасни ги потсетува на сигурност и заштита што ја чувствувале во текот на развојот во матката.

„Кога ќе погледнеме во морето или кога сме на брегот, всушност се наоѓаме во прекрасно, стабилно опкружување. Се чувствуваме сигурно и далеку од местата на кои сме биле под некаков вид закана, можеби од диви животни во џунглата или од криминалците во големите градови. Површината на морето која на хоризонтот се стопува со небото во нас буди чувство на стабилност и сигурност“, објаснува научникот Мајкл Мерзеник од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско.

Една студија покажала дека кога се сончаме на плажа, топлината влијае на нашиот ендокрин систем кој е одговорен за ослободување на ендорфин – истиот хормон поради кој се чувствуваме среќни секогаш како кога уживаме во чоколадо, пренесува Bright Side

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close