-2 C
Скопје

Додик: Инцко е монструм, ги мрази Србите, сакаме да си замине

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, синоќа, на онлајн тркалезната маса на Советот за безбедност на ОН, остро го искритикува високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, нарекувајќи го монструм и странец кој соработува само со Бошњаците од Сараево и зборува во нивно име.

Додик тврди дека Србија, Хрватска и Република Српска сакаат високиот претставник да ја напушти БиХ, како и 50 проценти од лушето во Федерацијата БиХ, и го обвини Инцко дека ги мрази Србите и зборува во име на бошњачкиот народ, а не во име на Дејтонскиот договор, пренесе РТРС.

Додик истакна дека Дејтонскиот договор не се толкува, туку се спроведува, и рече дека Инцко нема право да го толкува и да спроведува одлуки засновани врз него и рече дека функцијата висок претставник не е формирана од ниту еден Совет за имплемнетирање на мирот, туку е воведена со Анексот 10. на договорот, пренесе Клик.ба.

Прочитајте и...  Русија протерува двајца холандски дипломати како одмазда за слична мерка

-Запрете го овој монструм, кој се обидува да ни наметне одлуки што не се утврдени во Дејтонскиот договор, тој е странец кој ќе ја уништи БиХ. Тој им се одмаздува на Србите и Хрватите во БиХ. Инцко нема апсолутно никаква врска со државниот имот во БиХ и се обидува да ја запре изградбата на хидроцентрали и аеродроми, рече Додик.

Тој додаде дека доколку Инцко продолжи да ги спроведува одлуките, ќе размисли за „почнување на интеграцијата на Републкика Српска со матичната земја Србија”.

Тој се осврна и на претходните високи претставници во БиХ, за кои рече дека се странци кои се обидуваат да ги наметнат своите одлуки и да ја создадат БиХ.

Прочитајте и...  На инфективните оддели во земјава се лекуваат 650 пациенти со Ковид-19

-Високите претставници го сменија Дејтонскиот договор, менувајќи го духот на Дејтон. Педи Ешдаун ги прекрши сите можни договори и тој го призна тоа во својата книга. И сите тие промовираа таква политика, се до Инцко, рече Додик,, нарекувајќи го Ешдаун „пристрасен и криминален”. 

Инцко: Дејтон се политизира, пораките на негирање на БиХ доаѓаат од Република Срспка

Поврзани вести

Навални од притвор повикува на протести: Не плашете се, излезете на улица, излезете за себе и за својата иднина

Слободен печат

Полициски час, задолжителна работа од дома, носење ФФП2 маски се дел од новите мерки во Германија

Слободен печат

Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките

Слободен печат

ЕУ со нова надеж за вакцини за земјите од Западен Балкан

Слободен печат

ВИДЕО | Жителите од населбата Влае во страв: Тврдат дека биле сексуално вознемирувани од овој човек

Слободен печат

ФОТО: Водици одбележан со Златоустова литургија во храмот Пресвета Богородица во Центар

Остави Коментар