Додик: Босна и Херцеговина можеби нема да ја „преживее“ резолуцијата на ОН за Сребреница

Милорад Додик / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека Босна и Херцеговина можеби нема да „преживее“ како единствена земја поради навестеното усвојување на резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН .

„Сосема е можно оваа резолуција да помине“, а таа е „лоша, само ќе ги усложни односите во Босна и Херцеговина до целосна дисфункција. Поради одредбите на оваа резолуција, Босна и Херцеговина можеби нема да опстане како единствена земја“, изјави Додик за телевизијата „Русија 24“, пренесува Радио-телевизија РС (РТРС).

Тој рече дека „бошњачкиот дел“ на Мисијата на БиХ во ОН работи независно, без одлука на Претседателството на БиХ, на резолуцијата за Сребреница, која треба да биде претставена на седницата на Генералното собрание на ОН на 27 април.

РТРС, исто така, објави дека на крајот на април Додик ќе учествува на меѓународен безбедносен форум во Санкт Петербург, а во истиот град, но во јуни ќе учествува на економски форум, каде што очекува да се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Дванаесетиот Меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања ќе се одржи во Санкт Петербург од 23 до 25 април, А Економскиот форум ќе биде од 5 до 8 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот