Додека сите купуваат тоалетна хартија, екс шпански фудбалер мисли само на пиво (ФОТО)

Шпанија е една од најпогодените земји од пандемијата на коронавирусот, Владата прогласи вонредна состојба што ги натера граѓаните да ги испразнат полиците во маркетите.

Заштитен знак во овие времиња ширум светот е купувањето тоалетна хартија, но поранешниот шпански фудбалер, Даниел Гуиза, одлучи да се снабди со поинакви залихи.

Тој е „уловен“ како купува пиво.
„Ладно пиво за што побрзо да помине времето во карантин“, напиша Гуиза на својот Инстаграм профил и успеа да ги насмее своите следбеници во овие тешки времиња.

View this post on Instagram

Cervecita fresquita para pasar la cuarentena ?????

A post shared by Danigüizaoficial (@daniguizaoficial) on

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот