Додека Грета Тунберг реди нови признанија, Џереми Кларксон и порача „да замолчи и да се врати на училиште“ (ВИДЕО)

ФОТО: Profimedia

Џереми Кларксон (59) повторно ја нападна младата активистка против климатски промени, Грета Тунберг, порачувајќи и ѝ  „да замолчи и да се врати на училиште“.

Велејќи дека „луда и опасна“, познатиот презентер очигледно има само лоши зборови за младата швеѓанка која ги освои младите низ светот, бидејќи ова е само еден од низата напади кои ги насочи кон 16 годишната Грета.

Кларксон беше отпуштен од BBC во 2015 кога беше обвинет дека го нападнал продуцентот на шоуто Top Gear. Исто така, тој беше гласен критичар против науката за глобалното затоплување, но, неодамна призна дека си го променил ставот откако снимил шоу во југозападна Азија и „видел со свои очи“ дека таму се случуваат вистински климатски промени.

Телевизискиот презентер неодамна беше во Австралија за да ја промовира новата сезона на The Grand Tour, а ја искористи приликата за повторно да ја нападне младата активиска против климатски промени, Грета Тунберг, пренесува Dailymail.co.uk.

„Таа е луда и опасна и ги предизвикува младите теца да не можат да спијат со нејзиниот идиотизам, мислам дека треба да се врати на училиште и да замолчи“, вели тој.

Овие лоши коментари од Кларксон доаѓаат само неколку дена откако во интервју за The Independent ја искористи и таа прилика да ја нарече Грета Тунберг „глупав идиот“. Тој обвинува дека нејзиниот говор во Обединетите нации – каде таа ги обвини лидерите дека ги „украле нејзините соништа и детство“ не понудил никакви решенија.

„Сметам дека е само чудна швеѓанка со лош темперамент. Ништо нема да се постигне со пловењето на другата страна на океанот со јахта на дизел, а потоа лажење за моторот на дизел“, обвинува Џереми во интервјуто. Додава дека е свесен за климатските промени веќе некое време, и дека „сега некоја чудна швеѓанка трча наоколу и вели дека сите ќе умреме, па да сме биле свесни“ – Наместо да трча наоколу и да ги крева рацете, би требало да оди на местата каде се случуваат вистинските климатски промени, а не да му се „дере“ на Трамп, вели презентерот.

Неговото излагање дека си го променил мислењето околу климатските промени, британскиот дневен весник The Guardian го оцени како „најголемото откритие“ во неговата годишна кариера.

А додека Џереми ја напаѓа Грета, младата активистка се закити со ново признание: Таа ја доби Наградата Right Livelihood, наречена „Алтернативна Нобелова награда“.

Младата активистка беше наградена за „инспирирање и зајакнување на политичките барања за итна акција за климатските промени, засновано на научни факти“, наведе жирито кое ја доделува наградата.

„Борбата продолжува, ние никогаш нема да застанеме“ – порача Грета Тунберг преку видео обраќање, бидејќи не можеше да присуствува на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот