Двочасовен протест за плати во националната Пошта

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Синдикалните организации на Македонска Пошта најавија дека утре од 8 до 10 часот ќе одржат протест пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и  решение за состојбата во поштенското претпријатие.

Според Синдикатот на Македонска пошта, поради алармантноста на состојбите и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојување и иднината на Пошта, зачувување на работните места и егзистенција на нивните семејства.

-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи г до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства – наведува во пишана изјава претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

Револтот и стравувањата, дополнува Велигденов, се дотолку поизразени од крајно лошата финансиска состојба на друшвото и неизвесноста за редовна исплата на плата во нареден период .

-Комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, немаат слух за проблемите на своите вработени и не се придржуваат до договорените ставови, права и обврски. Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно немање спремност за реформирање и реорганизање на друштвот кое е повеќе од потребно, токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, се вели во најавата за протестот.

Синдикатот најави дека утре во 10 часот по завршувањето на протестот пред Дирекцијата на Поштата ќе одржи прес-конференција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот