ДОБРИ ВЕСТИ: Пицата е одличен избор за појадок

пица

Уште од почеток да нагласиме дека иако не се работи за најздравиот начин да се почне денот, сепак ако повремено изедете парче пица за појадок, нема да имате никаква штета од тоа.

Сепак, нутриционистите се согласни дека парче пица е подобро од житните плочки кои се полни со вештачки шеќери и подобрувачи на вкусот.

Едно средно големо парче пица содржи доста помалку шеќери од производите кои вообичаено ги јадете за појадок. Можете да изедете и две без да имате голема грижа на совеста.

Благодарение на сирењето, кашкавалот и печурките, со пицата ќе внесете и јаглехидрати. Ситуацијата е уште подобра доколку има зеленчук на пицата, на пример домат, пиперка или кромид.

За разлика од ова, во житариците со млеко речиси и да нема доволно масти, ниту пак зеленчук. Во просек, едно парче пица има иста енергетска вредност како и чинија со мусли со млеко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот