Доаѓа силен циклон во Словенија и Хрватска: Црвениот аларм е вклучен!

Синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за утре за областите Риека, Книн и Сплит поради невреме со грмежи придружени со бурен ветер и можна појава на град на места. За утре е издадено портокалово предупредување за дел од Хрватска поради силен ветер, на места пороен дожд и силни врнежи пропратени со грмежи.

Истовремено, поради невремето кое се приближува од Алпите во Словенија, се вклучија црвените метео аларми. Се очекуваат обилни врнежи, силни налети на ветер и излевање на реките.

„Доаѓа еден од најсилните циклони во последните десет години, засолнете се на време, не’ чекаат есенски поплави, ги отворивме училиштата за сите оние кои не се чувствуваат безбедно дома“. Вака гласи една од алармантните пораки што претставници на Агенцијата за животна средина и цивилната заштита на Словенија ги испратија до своите граѓани.

Според метеоролошките и хидролошките прогнози на ДХМЗ, како и сличните надлежни служби од соседните земји, денеска ќе се влоши времето во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта во петок, што ќе продолжи и во петок. Најголеми непогоди при минување на овој циклон се очекуваат на подрачјето на Риека, како и на подрачјето на Горски Котар каде може да наврнат од 100 до 150 милиметри дожд.

Се очекува Словенија и Хрватска да бидат зафатени од многу силен циклон од Велика Британија.

Во Хрватска и во наредните денови се очекуваат потенцијално опасни временски услови. Цела серија предупредувања веќе се во сила преку системот „Метеоаларм“ на Државниот хидрометеоролошки завод.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот