Дневен хороскоп за 29 јуни: Нови познанства, нови колеги, нови работни предизвици…

Овен

Чувствувате тага за некои пријатни или далечни сеќавања. Нема причина да ја обвинувате вашата околина за деловно-финансиските грешки, премногу изречени зборови не донесуваат решение. На работа ќе имате можност да ја покажете вашата снаодливост, па искористете ја паметно дадената шанса.

Бик

Не само што ќе бидете посклони да го отворите срцето пред саканата личност, туку и ќе бидете посмели во барањата и стремежот кон исполнување на вашите желби. Ако сте сингл, денес е можно да се споите со вашата сродна душа. Ќе лебдите од среќа! Никогаш порано не сте почувствувале ваква привлечност.

Близнаци

Доцнење на проектите, неочекувани настани, тензии на работното место или со вашиот партнер и воопшто, во семејството. Некој не толку ваш близок ќе ви помага да ги надминете неизвесностите и проблемите. Сè што ви е ново ќе ве привлекува. Нови познанства, нови колеги, нови работни предизвици…

Рак

Некои од вашите соработници тактизираат и развиваат деловна стратегија, а вие сепак треба да се справите со практичните аспекти и да преземете иницијатива. Секогаш кога ќе се појави ненадејна шанса, прифатете ја најдобрата понуда. Многу сте носталгични, премногу мислите за отсуството на некоја личност.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 13 јуни: Бидете она што сте и сѐ ќе биде добро

Лав

Препорака е да поведете сметка околу комуникацијата со соработниците затоа што може да постојат некои проблеми. Потребно е да имате доволно трпение за односот со саканата личност да може да напредува. Ако сте сингл, планирате да влезете во врска со личност која ви се допаѓа. Сте се увериле во нејзините чувства.

Девица

Ќе обожавате да експериментирате денес и ќе бидете многу креативни. Од вметнување на силни бои во модните комбинации и испробување нови методи на работа, до новитети во спалната соба со партнерот. Специјално изненадување во текот на денот ќе ви покаже дека луѓето се грижат за вас многу повеќе отколку што си мислите.

Вага

Тешко ви е да се организирате и да најдете вистински начин да ги решите сите насобрани проблеми. Можно е несвесно партнерот да сте го повредиле или да сте направиле некоја грешка. Потребно е да го подобрите односот со саканата личност ако сакате да избегнете разделба. Внимавајте, крвниот притисок ви варира.

Прочитајте и...  Виц на денот: Двајца Македонци во Австралија

Скорпија

Понекогаш како сами да си ги предизвикувате негативните ситуации! Потрудете се сите несогласувања да ги решите на лице место. Немојте да одолговлекувате со некои одлуки. Одлучни сте на партнерот да му покажете дека ви значи многу повеќе отколку што тој мисли. Неопходен ви е одмор и добар сон! При крај сте со нервите!

Стрелец

Вашата смисла за хумор ќе ви помогне да избегнете многу конфликти. На работното место ќе се организирате подобро и веднаш ќе ја забележите зголемената продуктивност. На емотивно поле вашата самодоверба ќе ви помогне да ја постигнете целта. Верувајте во себе. На добар пат сте постигнете големи резултати.

Јарец

Нема потреба да се споредувате со вашата околина или да се вклучите во сериозна дискусија. Важно е да ги почитувате основните морални принципи, наместо да се докажувате на соработниците кои применуваат различни деловни критериуми. Ќе се чувствувате депресивни и осамени, ќе немате воља за ништо.

Прочитајте и...  Поради неа денот трае подолго: Градбата која го успори движењето на Земјата! (ВИДЕО)

Водолија

Вашите обврски на работа ќе бидат зголемени, но не грижете се, ќе бидете пофалени и наградени за макотрпната работа. Каде и да одите денес, ќе оставате силен впечаток. Можно е да настапила фаза во која чувствувате голема потреба да се оддалечите од саканата личност. Внесувајте повеќе калциум.

Риби

Се потпирате на соработниците кои не се во иста мера посветени на работата, па може да имате проблеми.Тешко ви е своите емоции да ги покажете, затоа што имате впечаток дека партнерот не ве разбира на вистинскиот начин. Ако сте сингл, можен е почеток на нова врска во која ќе бидете задоволни и исполнети.

Прочитај повеќе

Карантинот не и донесе вишок килограми: Марјана Станојковска „пука“ од сексапил во бикини! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пирс Броснан (67) без маица: Зошто жените се уште лудуваат по него?! (ФОТО)

Слободен печат

Не си играјте со нивните нерви – Лицата родени во овој хороскопски знак не простуваат неверство

Слободен печат

И легендарниот Жељко Бебек овој август доаѓа во Охрид! 21-ви август, Антички театар

Џони Деп онесвестен со истурен сладолед врз него: Амбер Хард објави шокантна фотографија од поранешниот сопруг

Слободен печат

Ѕвездата од Јутјуб почина во осмиот месец од бременоста, обожавателите се во шок! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мамо, ти благодарам за сета љубов! Ќерката на Џон Траволта се прости од мајка си со зборови кои го кршат срцето

Еспресо

Неколку месеци не можеа да ги „уловат“ заедно: Меган и Хари сликани во Беверли Хилс – Нема ниту трага од претходниот гламур (ФОТО)

Слободен печат

Ова е сестрата на Цеца Ражнатовиќ, проценете сами дали си личат! (ФОТО)

Васко Спасоски

Коронавирусот финансиски го исцеди: Роберт Де Ниро ќе заработи максимум 7,5 милиони долари!

Слободен печат

Анабела за Луна Џогани: Веќе немаме контакт, чувствувам дека ја изгубив! (ФОТО)

Васко Спасоски

Последната објава на Инстаграм на сопругата на Џон Траволта носи солзи на очите, нејзината смрт ги шокираше сите (ФОТО)

Слободен печат