Дневен хороскоп за 27 февруари: Денеска никој нема да остане рамнодушен на вашиот шарм

Овен
Ќе донесувате импулсивни одлуки поврзани со вашиот љубовен живот, а тоа може да има негативно влијание врз вашиот однос со саканата личност. Секој обид да направите подрастична промена нема да наиде на одобрување од партнерот. Без експериментирање, а ако сте слободни, започнете врска со некој што не го познавате доволно.

Бик
Склони сте на мечтаење и идеализирање на партнерот, иако тоа не е својствено за вас. Ако сте во врска со некој што неодамна сте го запознале, чувајте се од одредени разочарувања. Би било пожелно да се посветите на личните интереси и дружење со пријателите. Неколку дена без партнерот ќе направат да добиете пореална слика за него.

Близнаци
Не дозволувајте си денес премногу да барате од партнерот и да поставувате услови што тој не може да ги исполни. Ако сте склони да фантазирате за некој којшто не е слободен, крајно време е да се запрашате како би било ако вашиот партнер ви го направи тоа.

Рак
Начинот на кој размислувате и како се однесувате во последно време остава позитивен впечаток врз вашата околина. Партнерот е воодушевен од вашата промена, а луѓето неизбежно ги привлекува енергијата и магнетизмот што ги испуштате. Луѓето што сакате да ги импресионирате нема да останат рамнодушни на вашиот шарм.

Лав
Ако вашата потрага по љубов сè уште не е завршена, би било добро да бидете трпеливи уште некое време. Силни и сигурни, вие сте први кога станува збор за собирање на плодовите од вредната работа. Вие сте љубител на сè што е добро и убаво и многу често ќе бидете опкружени со материјални задоволства. Многу сте сензуални.

Девица
Многу претставници на вашиот знак цврсто одлучиле да направат значителна промена во актуелното партнерство. Можно е да размислувате за заеднички живот, а некои и за брак. Оние што се во врска од неодамна, би било добро да станат поодговорни и да ги исполнат дадените ветувања. Најдете време за саканата личност.

Вага
Понекогаш професионалниот и љубовниот живот може да се поклопат. Ѕвездите ќе ви донесат романса на работното место. Колега или соработник ќе ви го освои срцето. Партнерите ќе надминат многу недоразбирања поврзани со професионалниот живот на некој од двајцата. Парите нема да ви бидат причина за кавга.

Скорпија
Доколку за време на слободните денови имате намера да патувате во странство, бидете внимателни и не се впуштајте во конверзација со секого. Можно е да бидете изманипулирани. Оние што ќе останат дома времето ќе го поминат во пријатна семејна атмосфера.

Стрелец
Расположени сте да му ги исполнувате желбите вашиот партнер, и тоа преку секоја мерка. Понекогаш не е лошо да ѝ дозволите на другата страна да преземе иницијатива. Не доживувајте го ова како предавство и заборавете на чувството на инфериорност. Оние што се во брак, денес нека заборават на љубомората и посесивноста.

Јарец
Обидете да се водите од инстинктите и ако внатрешниот глас ви говори дека е време за нешто ново, послушајте се себеси и завршете ја врската која не ви носи ништо убаво. Довршете ги задачите и проектите на кои работите во моментов. Не игонорирајте ги пријателите, поканете ги на ручек и разговарајте за интересни работи.

Водолија
Ќе покажете дека сте подготвени да го менувате она што не ви одговара на деловно поле. Саканата личност ќе се обиде да добие некои признанија од вас. Размислете дали ви е потребна таква врска. Можно е во текот на денешниот ден да добиете можност за напредување или остварување на некое подобрување на работното место.

Риби
Денес, многу ќе размислувате за еден поранешен партнер и тоа во насока на помирување со него. Чувствувате дека дошло време да ѝ пристапите на вашата врска позрело и поодговорно. Прво бидете сигурни дека срцето на таа личност е сè уште слободно, за да не доживеете непријатно отрезнување. Ако нема пречки, слободно напред!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот