33.8 C
Скопје

Дневен хороскоп за 12 мај: Ќе имате можност да ги остварите вашите планови

Овен

Повеќе потпрете се на себе и на своите желби. Денес пријателите можно е да ве извисат, па тоа да ви создаде тензија. Релаксирајте се сами на свеж воздух. Во љубовта што и да правите, не избрзувајте бидејќи емоциите ви се хаотични. Побегнете му на шаблонот. Концентрацијата ви е одлична, олеснете си ги многубројните обврски.

Бик

Претпочитајте ја искрената комуникација, независно дали вашиот соговорник е ваш пријател, роднина или е вашиот партнер. Не знаете да лажете, па не се ни обидувајте. Бидете благодарни за нештата што ги имате, наместо да копнеете по оние кои ги немате. Не ги игнорирајте повиците од пријателите, ќе ви го направат денот малку подобар.

Близнаци

Денес минатото ќе ве совлада, па може дури и да ви го расипе расположението. Нерасположението ви е предизвикано од недостатокот на емотивни случувања. Обидете се да бидете трпеливи со проблемите на пријателите. Во љубовта не избрзувајте со одлуките, ништо не губите ако ги одложите за друг ден.

Рак

Денес најголемо задоволство ќе чувствувате кога немате преостанати обврски на вашата листа, па среќата ќе ви биде максимална вечерта. Поминете квалитетно време со семејството, ослободени од прашања за тоа што треба да направите следно. Во љубовта создавате сомнежи без причина. Му правите хаос во главата на партнерот.

Лав

Не наметнувајте сериозни прашања во кругот на пријателите. Останете објективни во кругот на семејството и не ги игнорирајте советите од постари лица. Држете се настрана од напнати семејни дискусии. Што се однесува до финансиите, ви недостасува листа на приоритети. Во љубовта следете ги новите идеи, не бидете скептични.

Девица

Инстинктите ве водат во вистинската насока. Во кариерата блескате и убава енергија пренесувате и на луѓето околу себе. Одложувањето на работните обврски е нешто во што сте генерално добри и сега дојде време сериозно да се посветите на работата. Вашата врска е во криза и свесни сте дека така е веќе подолго време.

Вага

Денес околу вас како да се насобрале недоверливи луѓе. Ви ја полнат главата со секакви информации, од кои малкумина се точни. Мора да се дистанцирате од тие луѓе. Пред вас е период кој ви носи големи дилеми. Ако сте сингл, ќе запознаете интересна личност кон која за кратко време ќе почнете да имате силни чувства.

Скорпија

Новите контакти на професионално поле ќе ве инспирираат да бидете покреативни. Полесно од кога било ќе ви биде да ги споделувате љубовните соништа со партнерот. Двајцата сте отворени и флексибилни, па тоа ќе ви донесе среќа. Љубовта и честа денес одат рака под рака. Дозволете му на партнерот да ве разгали.

Стрелец

Не сте подготвени да ги менувате работните планови сега. Премногу напорно сте работеле да ги остварите моменталните цели. На емотивно поле, не сте ги исполниле сите ветувања во односот со партнерот и сега тој покажува разочарување. Доколку сте слободни, ново познанство може да ви биде од големо значење.

Јарец

Ако сте во брак или врска, имате претчувство дека партнерот нешто ви премолчува и дека не е сосема искрен кон вас. Тоа ви создава голема нервоза. Вашата упорност ќе ви помага да ги надминете сите пречки кои ви стојат на патот. Нема да зависите од никого. Пред вас е ден во кој ќе имате можност да ги остварите плановите.

Водолија

Премногу сте оптоварени со обврски и потребен ви е некој соработник од доверба кој би можел да ви помогне. Вашата загриженост и нервоза која ја покажувате може да ги демотивира соработниците и да направи општи проблеми на работно поле. Добро би било да направите јасна дистанца помеѓу приватниот и деловниот живот.

Риби

Под голем стрес сте. Заладувањето на односот помеѓу вас и саканата личност води до прекинување на врската. Имате сериозно проблеми. Можно е вашиот однос да дојде до некои пресврти. Слободните ќе доживеат страсна ситуација, но да не брзаат со носењето одлуки. Размислете дали таа личност ја заслужува вашата посветеност.

Поврзани вести

Стивен Спилберг почнува соработка со „Нетфликс“: Ново поглавје на кинематографската историја

Слободен Печат

Можно ли е да се истенчите за само 14 дена? Да, со овој протокол за слабеење!

Слободен Печат

Дунавка Трифуновска се огласи по веста за разделбата со Ване Цветанов: Минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста

Слободен Печат

ФОТО: Кајли Џенер ги згрози обожавателите со својата објава на „Инстаграм“

Слободен Печат

Зошто урмите се сметаат за најздравото овошје во светот?

Слободен Печат

„24 години од смртта на принцезата Дијана“: Пожарникарот кој стигнал прв на местото на несреќата открива кои биле последните зборови на Дијана

Слободен Печат

Остави Коментар