ДКСК: Одолговлекувањето на судските предмети влијае на перцепцијата на граѓаните во правосудството

дкск
ДКСК/ фото Архива

Одолговлекувањето на судските предмети и ризикот од застарување на предметите влијае на перцепцијата на граѓаните во правосудството. Затоа не е доволно само разрешување поради нестручно и несовено работење, туку потребно е детално постапување и испитување на сите индикатори за потенцијална корупција.

Ова го порачаа учесниците на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството” во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Судијата на Основен кривичен суд Скопје Владимир Туфегџиќ, во однос на прашањето на промена на судечките состави и влијанието на тоа кривичните предмети да започнат одново, смета дека треба да се почне да се размислува на законски измени, кои ќе овозможат решение.

– Со оглед дека постапката се прави токму поради промена на член на судечкиот совет, во таа насока, според мене, треба да се дозволи по барање на претседателот на судечкиот совет му се продолжи мандатот до завршување на постапката во сложен кривичен предмет или да се овозможи на новиот член на судечкиот совет да биде запознаен пред се со материјалните докази надвор од главната расправа, а по однос на вербалните докази, за што јас се согласувам дека непосредното забележување влијае сепак на градењето на одлука на новот член на Судечкиот совет и во таа смисла, доколку тој не инсистира на таква работа да се дозволи тие да се изведат одново со читање, изјави Туфегџиќ.

Како уште едно можно решение Туфегџиќ го посочи зголемувањето на границата која постои сега за надлежно постапување на судија поединец и тој да суди кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од не повеќе од пет години, со што ќе се растерети судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот