Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Пешиќ се збогуваше со Евролигата, нашиот Димитриевиќ меѓу најдобрите на мечот

Баерн Минхен ја затвори својата евролигашка сезона со убедлив пораз на гостувањето кај Барселона, која со триумфот од 97:62 обезбеди место во плејинот од деветтата позиција во Евролига.

Германскиот тим успеа да парира само во првото полувреме, по што следуваше целосен пад во играта. Клучниот момент беше третиот период, кој Барселона го доби со убедливи 26:5 и практично го реши победникот.

Овој натпревар имаше и дополнителна тежина, бидејќи беше последен во Евролигата за тренерот Светислав Пешиќ, кој најави дека ќе се повлече од тренерската функција по завршувањето на сезоната.

Кај Баерн се истакна Ненад Димитријевиќ со 15 поени, додека најефикасен во тимот беше Мајк со 17. На другата страна, Вил Клајбурн блесна со 22 поени и беше прво име на средбата.

Во останатите натпревари, Жалгирис со победа над Париз од 85:79 обезбеди место меѓу шесте најдобри екипи. Монако убедливо го совлада Хапоел Тел Авив со 105:85, додека Валенсија славеше против Дубаи со 95:85.

Сигурен настап имаше и Панатинаикос, кој на домашен терен без проблеми го надигра Анадолу Ефес со 97:62 и ја заврши регуларната сезона на седмото место.

Легендарниот Пешиќ најави пензија: Навистина, веќе е доста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот