Димитријевиќ по натпреварот на кариерата: Голема победа, заслуживме да сме на првото место

Фото: BC UNICS

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ вчера одигра фантастичен натпревар во дресот на Уникс постигнувајќи 40 поени во победата над ЦСКА со која неговиот тим се врати на првото место пред плеј-офот.

ЦСКА немаше решение за македонскиот репрезентативец кој по најдобриот натпревар во кариерата остана скромен.

„Мојата цел е да помогнам тимот да победи. Имавме три порази во низа и ни требаше победа за позитивна атмосфера пред плеј-офот. За нас ова беше голема победа, цела сезона се боревме да дојдеме до овој момент и да бидеме први. Пресреќен сум што станав дел од клупската историја на Уникс. Верувам дека со се што прикажавме во сезоната го заслуживме првото место. Во плеј-офот се започнува од почетокот“, изјави Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот