Димитриевски е четврти најдобар голман во петте најсилни лиги во Европа

Столе Димитриевски / фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, ја има најдобрата година во кариерата, а сега доби уште една потврда за одличните настапи.

Димитриевски кој е еден од најзаслужните што Рајо Ваљекано се наоѓа на четвртото место во Ла Лига, се најде на исто така четвртото место на најдобри голмани сезонава во петте најсилни лиги во Европа (Премиер лига, Ла Лига, Серија А, Бундеслига и Лига 1) во анализата на таблоидот „Сан“.

Според методот на „шутеви во рамки на гол, минус примени голови“, Димитриевски е четврти најдобар голман во Европа. Пред него се наоѓаат голманот на Манчестер јунајтед Давид Де Геа, Жозе Са од Вулверхемптон и Мануел Рајман од Бохум. Анализата на „Сан“, покажа дека Димитриевски, спасил 5,9 голови.

Столе Димитроевски е најзаслужен што Рајо Ваљекано по 18 кола во Ла Лига има примено само 18 голови и има четврта најдобра одбрана во шпанскиот шампионат, а сериозен интерес за неговите услуги пројави екипата на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот