Дијамантот Елиф Елмас е најдобар репрезент на Македонија

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас е најдобар македонски фудбалер во странство за 2019 година во изборот на ФФМ. Фудбалскиот бисер на почетокот од годинава беше член на Фенербахче каде прикажуваше фантастични партии, а во новата сезона за сума од 16 милиони евра премина во Наполи каде продолжи со добрите игри. Годинава постигна и четири голови за македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2020 година.

– Среќен сум што ја добивам оваа награда. Третпат сум тука, а се надевам дека оваа награда ќе ја оправдам со уште поголеми награди. Ви посакувам на сите среќни празници, се најдобро и ви благодарам за наградата – рече Елмас.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски доби посебно признание за афирмација на македонскиот фудбал.

Признанието за најдобар фудбалер во Македонската фудбалска лига му припадна на репрезентатовец Висар Муслиу. Тој беше еден од најзаслужните за шампионската титула на Шкендија, а одличните настапи му овозможија летово да направи трансфер во унгарскиот МОЛ Види.

– Благодарност до моите соиграчи и тренери, до кормиларот Ќатип Османи со кого стигнавме до титулата во Шкендија. Горд сум на оваа награда, што ќе ми биде мотив повеќе за во иднина. Искрено се надевам на пласман на ЕП 2020 со македонската репрезентација. Сега е наше време – рече Муслиу.

Наградата за животно дело му припадна на поранешниот спортски коментатор и новинар, Атанас Костовски, кој притоа порача дека и со 82 години не е доцна да се добие признание.

Постхумно посебна награда му беше доделена и на Слободан Вујчиќ-Брацо, големиот помагач на македонскиот спорт воопшто и беше човекот кој го овозможи преносот од првиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија.

Најдобар стрелец во сезона: Ели Јаковска (ЖФК СЦ Истатов)
Најдобра фудбалерка: Ленче Андреевска (Драгон Скопје/Каменица Саса)
Најдобар тренер: Илија Мандаров (Драгон Скопје)
Најдобар младински фудбалер: Џемаил Ибиши (Вардар)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Флорент Рамадани (Шкендија)
Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија
Најдобар тренер во младински фудбал: Филип Деспотовски (ФК Вардар)
Најдобар фудбалер во футсал: Талант Исмаили (Шкупи)
Најдобар футсал тренер: Зоран Лекиќ (Шкупи)

Награда за посебен придонес во македонскиот фудбал:
Алтрим Чура (Струга Трим Љум)
Кочо Анѓушев (Борец Велес)

Најдобар фудбалски судија: Марјан Гоцевски
Фер-Плеј екипа: Академија Пандев
Најдобар стрелец во МФЛ: Влатко Стојановски (Ренова)
Најдобар фудбалер во МФЛ: Висар Муслуи (Шкендија)
Најдобар тренер во МФЛ: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)

Посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал:
Ивана Пројковска
ФК Дарданет
Љупчо Перински

Награда за животно дело: Атанас Костовски
Посебно признание за Слободан Вујчиќ – Брацо
Најдобра репрезентација: Репрезентација до 19 години
Посебен придонес за развој на македонскиот и репрезентативен фудбал:
Стефан Ристовски (Спортинг)
Најдобар фудбалер во странство: Елиф Елмас (Фенербахче/Наполи)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот